Менаџерот на Тотенхем, Жозе Мурињо смета дека британските новинари очекуваат премногу од Хери Кејн, оценувајќи дека англискиот напаѓач поставил превисоки стандарди како еден од најопасните голгетери на светот.
Кејн се врати за Тотенхем по паузата по корона вирусот и постигна еден гол во два меча, и Мурињо посочува дека тој се врати на терените неодамна откако доби скинат бутен мускул во декември.
„Во мечот пред голот против Вест хем, мислам во 60-тата минута, се браневме од корнер и Деле Али ја прати топката во шестнаесетникот. 10-тина секунди подоцна беше пред голманот Фабијански и за малку ќе дадеше гол. Вие очекувате тој да постигнува повеќе од еден гол во два меча, и тоа е негова вина, бидејќи ги создаде тие очекувања. Кога нема да даде два гола на меч, веднаш се зборува за криза и тоа не е вистина“, вели Мурињо.