Илјадници навивачи ги прекршија сите правила за социјално дистанцирање во финалето на Купот на Бугарија, откако Локомотив Пловдив го совлада тимот на ЦСКА Софија со 5:3 на пенали по 90 минути и продолженија без голови, за втора титула во низа.
И покрај тоа што премиерот Бојко Борисов најави казни ако не се почитуваат правилата за социјално дистанцирање, на стадионот „Васил Левски“ имаше над 12.000 гледачи, кои скандираа навредливи пароли кон Борисов и го прекинаа мечот со огномет.
ЦСКА Софија играше за првиот трофеј од 2016 година, но на крајот поуспешни беа Локо под водство на поранешниот тренер на Шкендија, Хрватот Бруно Акраповиќ. Со ова тие обезбедија место во квалификациите за Лига Европа.
??? For a second season in a row Lokomotiv Plovdiv have won the Bulgarian Cup! This time they beat CSKA-Sofia on penalties. Ali Sowe missed for CSKA from the spot. Momchil Tsvetanov, who scored Lokomotiv’s winning penalty, has clinched his 6th (!) Cup!
Video: Diema Sport pic.twitter.com/Ra5IV2qMLS
— Metodi_Shumanov (@shumanskoo) July 1, 2020