Top Sport

Реакцијата на Чоло кога Гризман влезе во игра (Видео)

Антоан Гризман е се уште тема на медиумите во Шпанија. Напаѓачот за кого Барселона минатото лето на Атлетико му плати 120 милиони евра, во вторникот, против својот поранешен тим влезе во игра дури во 90 минута. Гризман на последните четири натпревари само еднаш беше стартер.

Кике Сетиен, тренерот на Барселона, не смета на услугите на францускиот напаѓач. Факт е и дека Гризман не се вклопи најдобро во колективот од „Ноу Камп“.

Шпанските медиуми пишуваат дека Сетиен го понижл Гризман кој сезонава одиграл 43 натпревари и постигнал 14 голови.

Неговиот поранешен тренер Диего Чоло Симеоне немал коментар за одлуката на неговиот колега Сетиен да го внесе во игра Гризман во 90 минута.

Што мисли Симеоне за потегот на Сетиен најдобро покажува оваа снимка.

https://twitter.com/vamos/status/1278413027080101888

Scroll to Top