Top Sport

Со песните на Шериф Коњевиќ и солзи во очите Пјаниќ го прослави трансферот во Барселона (Видео)

Миралем Пјаниќ со семејството и пријателите го прослави трансферот од Јувентус во Барселона. Во Луксембург за расположението кај гостите да биде на највисоко ниво се погрижил фолк-пејачот Шериф Коњевиќ, инаку добар пријател на репрезентативецот на БиХ.

Босанските медиуми пишуваат дека Пјаниќ и неговите пријатели не штеделе пари и дека фолкерот дома си заминал со полни џебови. Една песна на Коњевиќ ги поттикнала емоциите кај Пјаниќ кој во прегратка на својот татко Фахрудин не можел да ги задржи солзите.

Инаку забава што ја организирал Пјаниќ го привлече вниманието и на влијателни медиуми какви што се „Марка“ и „Скај Спорт“.

Scroll to Top