Еден од најдобрите боксери на сите времиња Флојд Мејведер (40) пред два дена објави видео во кое, во својата теретана влегува во октагон и изгледа како да се подготвува за борба. Видео записот е прегледан повеќе од шест милиони пати, а потоа започнаа шпекулациите дека Флојд ќе му овозможи реванш на Конор Мекгрегор, но според правилата на Ирецот.
— Floyd Mayweather (@FloydMayweather) January 30, 2018
Дека можеби има вистина во она што се шпекулира потврдува и последното видео, објавено во четвртокот. Мејведер е повотрно во октагонот откаде испрати прашање до познатата обложувалница Paddy Power.
„Мејведер, ММА, 2018 година…Paddy какви се шансите? Каков е коефициентот?“, прашува Флојд во видеото покрај кое оставил и свој коментар.
„Доколку тргнете на кралот, подобро ќе ви биде да не промашите“.
Мејведер по победата над Мекгрегор, минатото лето, повторно замина в пензија со порака дека повеќе нема да се бори.
Come at the king, you best not miss… pic.twitter.com/uHx4SJngHx
— Floyd Mayweather (@FloydMayweather) February 1, 2018