Top Sport

Манџукиќ се враќа во Серија А

Марио Манџукиќ по само шест месеци ќе се врати во Серија А. Напаѓачот во јануарскиот преоден рок од Јувентус се пресели во Ал Духаил.

Газдите на клубот не се задоволни од она што го прикажал Манџукиќ, поради што ќе се обидат да го продадат една година пред истекот на неговиот договор. Хрватот на седум натпревари за Ал Духаил има постигнато само еден гол.

Интересно најсериозен интерес за Манџукиќ покажува новиот член на Серија А, Беневентно, на чија клупа седи Филипо Инзаги.

„Пипо бара звучно засилување во нападот. Негова желба е Манџукиќ со кого е во добри односи“, пишуваат медиумите во Италија.

Беневенто би можеле да го добијат Манџукиќ за 3,5 милиони евра.

Scroll to Top