Фудбалерите на Челси запишаа лесна победа над Вотфорд и се вратија на четвртото место на табелата во Премиерлигата. Вечерва „сините“ славеа над Вотфорд 2:0 и стигнаа до 58 поен во шампионатот.
Прашањата околу победникот избраниците на Френк Лампард го решија во првото полувреме. Оливие Жиру го постигна првиот гол во 28 минута, а во финишот на полувремето Вилијан реализираше пенал. На пеналот му претходеше прекршокот на Капуе врз Пулушиќ.
Во наредната рунда Челси ќе гостува кај Кристал Палас, додека Вотфорд ќе го пречека Норич.