Хрватското здружение на новинари (ХНД) реагираше по бизарната реакција на тренерот на Хајдук, Игор Тудор во саботната прес-конференција пред мечот со Осиек, кога поранешниот фудбалер на Јувентус му делеше лекција на новинарот на „Слободна далмација“, Антонио Јуричиќ.
„Срамотен и потценувачки истап на тренерот на Хајдук кон нашиот колега. Да, да господине Тудор, новинарите во оваа земја се виновни за сè, па и за лошите резултати на Хајдук“, се вели во соопштението на ХНД.
Откако Јуричиќ го запраша Тудор како би ја оценил играта на неговиот тим по рестартот на шампионатот и што би издвоил како најдобро, тренерот даде неверојатен одговор.
„Би ти честитал тебе и би ја кажал оваа радосна вест. Слушнав дека стануваш помошник тренер на јуниорите на Солин. Тоа не е мала работа а тебе. Сигурен сум дека Солин во брзо време ќе направи микс на Сити и Ливерпул и играта на Барнли со контри. Фудбалските сладокусци ќе дојдат на свое. Ќе бидам на првиот натпревар таму да ги видам позитивните работи и во нашиот крај конечно ќе се игра добар фудбал.Само се плашам дека Брбиќ или тие кои го водат Хајдук нема да бидат доволно брзи да те донесат тука. Најважно е фудбалското знаење. Без разлика дали си лекар, новинар, тоа знаење ќе се види.На твоето прашање можам да одговорам како што би одговорил ти, а тоа е дека за да бидеш тренер на Хајдук не треба само да го сакаш овој клуб и да си галамџија. Треба да имаш и знаење, а тренерот сега го нема тоа“, рече Тудор.
Одговорот на Тудор е од седмата минута на видеото.