Наездата на скакулци носи вистинска закана за Светското првенство во фудбал бидејќи можат да ги нападнат терените предизвикувајќи „глобален скандал“, велат од руското министерство за земјоделство.
Мечевите од Мундијалот ќе се оддржуваат на 12 стадиони во 11 града, и Пјотр Чекмарев, шефот на одделот на министерството за земјоделство, вели дека во летните месеци може да се случи катастрофа со скакулците.
„На некој начин научивме да се справиме со последиците од скакулците, но како да не влеземе во глобален скандал оваа година? Целиот свет доаѓа во Русија. Фудбалските терени се зелени, а скакулците го обожаваат тоа. Како да ги натераме да не дојдат на терените?“, изјави Чекмарев.
Според него, најголем проблем се милионите хектари земја во јужна Русија, поточно околу градот Волгоград (поранешен Сталинград), каде што ќе се одржуваат натпреварите од Мундијалот.