Претседателот на Лацио Клаудио Лотито е подготвен да го одобри трансферот на Сергеј Милинковиќ-Савиќ (СМС). Српскиот репрезентативец пет сезони е играч на Лацио, а во секој преоден рок се шпекулира дека ќе го напушти Рим.
Во минатото трансферот на СМС беше невозможен бидејќи Лотито не сакаше да слушен за сума помала од 100 милиони евра. Во ситуацијата кога коронавирусот предизвика серизна финансиска криза првиот човек на клубот бил подготвен да ја го намали обесштетувањето.
„Калчомеркато“ пишува дека СМС може да замине од Лацио за сума од 70 милиони евра. Најголеми шанси за да го реализираат трансферот на СМС имаат челниците на Пари Сен Жермен.
Интерес за овој фудбалер покажуваат Манчестер Јунајтед и Милан, а развојот на ситуацијата внимателно го следат Јувентус и Интер.