Играчот на Лестер Ријад Марез не се појавува во клубот откако му пропадна трансферот во Манчестер Сити.
Алжирецот во финишот на предониот рок поднесе барање за трансфер, Сити имаше желба да го донесе во своите редови, но не сакаше да плати повеќе од 65 милиони фунти за неговите услуги. Лестер, од друга страна, ја постави цената на 80 милиони фунти.
Ова предизвика незадоволство кај Алжирецот, поради ѓто во средата не тренирал со тимот, а го немаше во тимот и на антпреварот со Евертон.
Во клубот не знаат каде е и што се случува со Марез, а бидејќи ја прекршил дисциплината решија парично да го казнат со 200.000 фунти, односно со две негови неделни плати.
Прашање е како ќе се одвива целата приказна со Марез кој има договор со Лестер до јуни 2020 година.