Top Sport

Инфантино загрижен од сумите кои се вртат во фудбалот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, смета дека е потребна сериозна расправа на темата околу големите суми кои почнаа да се вртат во фудбалот, а особено околу парите кои за трансферите ги добиваат менаџерите и посредниците.

За време на зимскиот преоден рок најмногу пари потрошија клубовите во Премиер лигата, 430 милиони евра, а третина од овваа сума е потрошена последниот ден.

Интересен е податокот дека премиерлигашите во сезоната 2016/2017 на разни менаџери, агенти и агенции кои посредувале при одредени трансфери издвоиле 174 милиони фунти.

„Мора конечно да го отвориме ова прашање. Загрижен сум поради големата количина на пари која започна да се врти во фудбалот. Некои големи трансакции најчесто не се објавени на чист, транспарентен начин, што отвора многу прашања поврзани со користењето на разни финдови“, рекол Инфантино.

На оваа тема интересен е извештајот на „Дилојт“ за потрошени пари на трансфери во Премиер лигата во последната деценија.

Во зимскиот преоден рок, во сезоната 2010/2011 во Англија потрошиле на засилувања нешто повеќе од 200 милиони фунти, а наредната година сумата била помала за 100 милиони фунти. Потоа сумата на потрошени пари за трансфери константно расте, а годинава е поставен рекорд.

Клубовите во сезоната 2017/2018 на трансфери потрошиле 1,9 милијарди фунти.

Во извештајот исто така стои дека од февруари 2016 до февруари 2017 година клубовите на менаџерите и агенциите кои посредувале во одредени трансфери им исплатите 220 милиони фунти што во однос на претходната година преставува раст од 38 отсто.

„Сакам сите исплати околу трансферите, провизиите за посредниците, обесштетувањата и надоместоците за тренинзи да поминуваат низ една куќа. Сега е вистинскиот момент, бидејќи акционерите во клубовите ја гледаат реалната слика, дека ваквата ситуација е неодржлива. Ние инициравме процес со најголемите сопственици со цел да воведеме промени во трансфер системот. Ние мора да ги убедиме конфедерациите, клубовите и фудбалерите дека тоа е единствениот исправен пат“, рекол Инфантино.

Scroll to Top