Ракометниот клуб Вардар на социјалните мрежи им посака добредојде на двајца нови играчи Анте Гаџа и Јосип Векиќ.
Хрватските ракометари во Вардар пристигнаа од Загреб и ќе ја засилат бековската линија на Вардар.
Гаџа игра на позицијата среден бек, тој со Вардар потпишал две годишен договор, додека десниот бек Векиќ со „црвено-црните“ договорил соработка до 2024 година.