Освојувачот на двојната круна во Германија фудбалскиот клуб Баерн Минхен објави дека искусниот Хави Мартинез ќе го напушти клубот во преодниот рок.
Мартинез има договор со Баерн и за наредната сезона, но клубот ќе му дозволи да се замине.
Поранешниот шпански репрезентативец пред осум години за 35 милиони евра пристигна во Минхен од Атлетик Билбао. Според шпекулациите тој ќе се врати во матичниот клуб.
За Баерн Мартинез одиграл 237 натпревари, постигнал 13 голови и освоил 19 трофеи.