Милан синоќа со неверојатен пресврт успеа да го победи Јувентус со 4:2. Јувентус предноста од два гола ја испушти во пет минута, од 62 до 67 минута, фудбалерите на Милан постигнаа три гола.
Маурицио Сари тренерот на Јувентус истакнал дека 60 минути бил задоволен од играта на својот тим.
„Игравме на врвно ниво еден час. Го контролиравме натпреварот, а потоа се случи помрачување. Ништо нема да добиеме ако сега размислуваме за дуелот со Милан, за три дена играме нов натпревар“, рекол Сари.
„Помрачувањето траеше 15 минути. Мораме да бидеме позитивни по ова, невозможно е да се најдат причините за она што ни се случи. До 62 минута не им дозволивме да направат ниту една шанса за гол, но помрачувањето им се случи на сите фудбалери. Истото ќе се случеше и доколку можев да ги заменам сите 11 фудбалери.“
И покрај поразот Јувентус ја задржа предноста од седум бода во однос на Лацио.