Фудбалерот на Лацио Патрик експресно ја дозна казната за вчерашното дивјачко однесување на натпреварот кој неговиот тим го загуби во Лече (2:1).
Патрик во 93 минута, во една мешаница, го гризна за раката противничкиот фудбалер Донати. За ваквото однесување доби директен црвен картон.
Дисциплинската комисија на Серија А му изрече суспензија на четири натпревар. Патрик исто така ќе мора да плати и казна од 10.000 евра.
Дивјачко однесување на Патрик, го гризна противникот (Видео)