Серена Вилијамс најави дека нејзината ќеркичка Олимпија Оханијан ќе биде сила во светскиот тенис.
Со фотографија на која бебето има минијатурен рекет на „Вилсон“, 23-кратната гренд слем шампионка, која не успеа да се врати на Австралија опен, најави дека ќеркичката има одличен сервис.
„Олимпија Оханијан, на меч поен, поен за шампионатот… Дури и без патиките, тешко е да ја победиш. Сервира за својата 12. титула од Вимблдон, три повеќе од нејзината мама“, напиша Вилијамс.
36-годишната Вилијамс стана мајка на 1 септември, а во кариерата освои седум титули на Вимблдон, шест на САД опен, седум на Австралија опен и три на Францускиот опен. Таа се повлече од Мелбурн оваа година во последен момент откако загуби во егзибициски меч од Летонката Јелена Остапенко на 30 декември во Абу Даби.