Кошаркарскиот клуб Барселона потврди дека договориле три годишна соработка со Ник Калатес. Гркот ќе го потпише договорот утре откако ќе ги мине медицинските прегледи.
Како што се наведува во официјалното соопштение двете страни договориле соработка до 30 јуни 2023 година.
Барселона не објави финансиски детали од договорот, за кој медиумите шпекулираат дека е „тежок“ 5,5 милиони евра за три години.
Искусниот организатор на играта во Барселона доаѓа од Панатинаикос. Минатата сезона ја предводеше Евролигата според бројот на асистенции, во просек по натпревар имаше 13 поени, 9 асистенции и 4,9 скока.
Барселона наредната сезона ќе биде со изменет состав покрај тренер Светислав пешиќ клубот веќе го напуштија Пау Рибас, Кевин Пангос и Анте Томиќ. Нов тренер на Барселона е Шарунас Јасикевичиус.