Само три репрезентации влегуваат во вториот ден од првото коло во Светската група од Дејвис купот со предност, по интересните дуели низ целиот свет.
Белгијците имаат 2:0 против Унгарија, Казахстанците неочекувани 2:0 против Швајцарија, додека САД во Ниш води со 2:0 против Србија без Новак Ѓоковиќ.
Душан Лајовиќ добро го испоти Џон Изнер, но немаше сили за сензација и загуби со 6:4/6:7(7)/6:3/3:6/7:6(4), откако претходно Сем Квереј без поголеми проблеми со 6:7(4)/6:2/7:5/6:4 го победи Ласло Ѓере.
Актуелните шампиони Франција имаат 1:1 по првиот ден против Холандија. По повредите на Жо-Вилфрид Цонга и Лукас Пуј, Адријан Манарино доби шанса да дебитира во Дејвис купот, но загуби со 7:6(4)/6:3/6:3 од светскиот рекет број 369., Тиемо де Бакер. Ришар Гаске ги врати шампионите на добар пат, откако со 6:4/7:6(3)/3:6/7:5 го победи Робин Хасе.
ДЕЈВИС КУП, 1.КОЛО
Франција – Холандија 1:1
Јапонија – Италија 1:1
Шпанија – Велика Британија 1:1
Австралија – Германија 1:1
Казахстан – Швајцарија 2:0
Хрватска – Канада 1:1
Србија – САД 0:2
Белгија – Унгарија 2:0