Борис Бекер се присетил на финалниот меч на Вимблдон минатата година помеѓу Новак Ѓоковиќ и Роџер Федерер. Според него тоа е најдоброто финале на сите времиња.
Ѓоковиќ по четири часа и 57 минути игра успеа да го победи Федерер откако во 15 гем од петтиот сет спаси две меч топки. Бекер финалето го работеше како стручен коментатор.
„Почестен сум што бев коментатор на тој меч. Пред мечот размислував дека Ѓоковиќ е актуелен шампион и дека е помлад од Федерер. Времето беше топло, а Роџер претходно имаше тежок и долг меч рптоив Надал во полу-финалето. Чувствував дека Новак е фаворит“, рекол Бекер.
Сепак Швајцарецот одира подобро во финалето, тоа го потврди и статистиката, но пехарот на крајот го крена Ѓоковиќ. Српскиот тенисер одигра подобро во најважните моменти.
„Роџер го надигра во целост, беше подобар, а на крајот загуби. Тие момци разменуваа удари за кои мислев дека е невозможно да се изведат. Минатогодишното финале на Вимблдон според мене е најдоброто на сите времиња“, заклучил Бекер.