Капитенот на Ливерпул, Џордан Хендерсон, поради повреда на коленото ја заврши сезоната. Хендерсон не беше во тимот на Ливерпул пред два дена кога „црвените“ славеа во Брајтон со 3:1.
Бидејќи Ливерпул веќе ја освои шампионската титула, Јирген Клоп не сака да ризикува поради што веќе го испратил капитенот на одмор.
До крајот на сезоната во Премиерлигата Ливерпул ќе одигра уште четири натпревари. Клоп рекол дека Хендерсон ќе биде подготвен за почетокот на наредната сезона.