Германија и Шпанија ќе ги отворат натпреварите во најсилниот сегмент во Лигата на нации во сезоната 2020/2021. Фудбалскиот сојуз на Шпанија објави дека натпреварот против Германија „црвенaта фурија“ ќе се одигра во Штутгарт на 3 септември.
На шпанската клупа својот втор мандат ќе го започне селекторот Луис Енрике кој на функцијата се врати на 19 ноември 2019 година. Поради пандемијата што ја предизвика пандемијата на вирусот Ковид-19 беа прекинати сите репрезентативни натпревари, а УЕФА за наредната година го одложи Европското првенство.
По натпреварот со Германија, Шпанија во Лигата на нации три дена подоцна ќе ја пречека Украина, а потоа ќе гостува во Швајцарија.
Натпреварите во Лигата на нации ќе се играат од 3 септември до 17 ноември.