Еибар ја декласира Севилја 5:1 (3:1) во 22.коло во Ла Лига. Еибар на овој начин го прекина постот против екипата од Андалузија, откако ја победи Севилја по пауза од 17 години.
Баскискиот тим прашањето на победникот го реши во фуриозното прво полувреме во кое постигна три гола, а од катастрофа во првиот дел Севилја ја спаси Сехио Рико кој имаше две супер интервенции.
Еинар експресно стигна во водство по само 60 секунди игра преку Кике, а во 17.минута Орељана зголеми на 2:0. Пет минути подоцна Севилја на подорак доби пенал кој го реализира Снабрија.
До крајот на првиот дел предноста на Еибар од два гола му ја врати Иван Рамос.
Агонијата на Севилја продолжи и во вториот дел кога Орељана го искористи киксот на одбраната на Севилај и со својот втор гол зголеми на 4:1. Конечниот резултат го постави Арбиља кој погоди од 25 метри, од слободен удар.
Еибар со оваа победа се искачи на седмото место со 32 бода, а Севилја е на позиција пред противникот и има бод повеќе.
Во нредната рунда Еибар гостува кај Леганес, а Севилја ќе ја пречека Џирона.