Канадскиот возач на Вилијамс, Ленс Строл вели дека нема да му недостасува возач со искуството на Фелипе Маса бидејќи не добил „никаква насока“ од Бразилецот во нивната заедничка сезона.
Маса прво се пензионираше на крајот на сезоната 2016, но откако Валтери Ботас замина во Вилијамс, се врати да помогне на тимот уште една сезона со тогашниот дебитант Строл, кој вели дека не научил многу. Оваа година тој ќе вози покрај уште еден дебитант, 22-годишниот Русин Сергеј Сироткин.
„Не мислам дека имав било каква насока од него минатата година. Тој беше колега како сите други. Беше зафатен со тоа да вози најбрзо што може исто како мене. Тоа беше тоа. Немаше ништо дополнително“, вели Строл за „Аутоспорт“.
Маса на почетокот на минатата сезона изјави дека се чувствува како Михаел Шумахер, кој му беше ментор на Бразилецот на почетокот на кариерата во Ферари.
„Не знам зошто луѓето мислат дека тој ми беше тренер или ментор. Немаше такво нешто – кој беше подобар завршуваше напред. Дали ми е колега некој со 15 години искуство или некој дебитант, за мене е исто“, додава Строл.