Top Sport

Ноер може да биде и ватерполо голман

Мануел Ноер голманот на Баерн Минхен секое лето е редовен гостин на хрватска ривиера. Од минатата недела Ноер летува во делот околу Дубровник. Со велосипед возел по Омиш, влегол во едно кафуле, на сите што биле таму им платил пијачка, а потоа деле автограми и се сликал со гостите.

Вчера Ноер бил на островот Шипан. Таму угостителски објект има ватерполистот на Про реко, олимпискиот првак со Хрватска, Никша Добуд.

Ноер со Добуд го запознал тренерот на голманите во Баерн Тони Топаловиќ.

Добуд за Ноер имал подготвено ватерполо капа со бројот 13 и логото на Баерн. Ватерлопистот бил изненаден колку добро Германецот се снаоѓа и како ватерполо голман.

„Кога ми се најави дека ќе дојде ова лето му подготвивме специјална ватерполо капа со логото на Баерн. Застана на голот, а јас и Мари Сушуќ-Суша му шутиравме петерци. Ме воодушеви со своите голмански квалитети. Знаев дека е еден од најдобрите голмани во фудбалот, но не очекував дека ќе биде толку добар во ватерполото“, рекол Добуд.

 

Scroll to Top