Top Sport

Јунајтед оддаде почит на 60-годишнината од минхенската катастрофа (галерија)

Манчестер јунајтед ја одбележ 60-годишнината од авио-несреќата во Минхен во која загинаа осум играчи на славната генерација на Мет Бази.

Хери Грег и Сер Боби Чарлтон, двајца од преживеаните од нереќата присуствуваа на комеморацијата пред стартот на мечот со Хадерсфилд, бидејќи овој меч беше најблиску до 6 февруари, точниот датум во 1958 година.

Тимот на Сер Мет Базби, познат како „бебињата на Базби“, се враќаше од дуел од Европскиот куп против Црвеназвезда во Белград, кога нивниот авион падна на замрзнатиот аеродром во Минхен при полетувањето. Во несреќата загинаа 23 луѓе, од кои осум играчи на Јунајтед – Џеф Бент, Роџер Бирн, Еди Колмен, Марк Џонс, Дејвид Пег, Томи Тејлор, Лајам Вилан и Данкан Едвардс.

Девет играчи, вклучувајќи ги Чарлтон и Грег останаа живи, а десет години подоцна, Базби ја донесе првата европска титула за „Ѓаволите“.

Клубот обезбеди за сите навивачи на Јунајтед на стадионот програма за мечот во која има посебна книга за жртвите од Минхен.

Scroll to Top