Top Sport

Евгениј Поп Ацев пливаше во чест на Нико Нестор

Најдобриот македонски пливач, Евгениј Поп Ацев ја реализираше самоиницијативната идеја пливајќи во чест на пливачката легенда, Нико Нестор и добротворната организација која го носи неговото име. Поп Ацев пливаше во Свонси (Велика Британија) каде живее со сопругата и ќерката. Делницата од 7.15 километри ја помина за 1 час и 37 минути.

Пресреќен сум и сакам да објавам дека со завршување на пливачкиот предизвик се собрани над 750 фунти за добротворната организација Нико Нестор. Условите беа одлични и навистина уживав во пливањето на делницата. Сакам да изразам огромна благодарност до сите кои ме поддржаа и помогнаа во остварувањето на оваа голема цел. – изјави Поп Ацев.

Добротворната организација „Нико Нестор“ финансиските средства ќе ги распредели на ранливите семејства да добијат можност за часови по пливање и обука за безбедност на вода.

Нико Нестор кој е роден стружанец е основоположник на македонската маротонско пливање. Тој е првиот Македонец кој го преплива каналот Ла Манш.

извор/ohridnews.com

Scroll to Top