Фудбалерите на Џенова во 32 коло во Серија А за противник го имаат СПАЛ. Капитенот на македонската репрезентација Горан Пандев од почетокот го игра натпреварот.
Пандев во 24 минута го совлада голманот на СПАЛ, Летица. Пандев убаво се ослободи од еден дефанзивец на СПАЛ, а потоа откосо од десната страна го погоди спротивниот агол.
За Пандев ова е деветти гол во сезоната.
Победа против СПАЛ е императив за фудбалерите на Џенова кои грчевиот се борат за опастанок во Серија А.