Џенаро Гатузо не е вознемирен што Милан не купи ниту еден играч во текот на зимскиот преоден рок и побара неговиот тим да не се возбудува премногу бидејќи „не сме убави како Бред Пит, туку сме грди како мене и мојата брада“.
Во недела, Милан ќе се соочи со Удинезе, каде што тренер е неговиот соиграч од репрезентацијата која во 2006 година го освои светското првенством Масимо Одо.
„Имаме многу големи сличности со Одо – тој е интелигентен и умен човек. Му поделив неколку шлаканици поради ’финтите’ кои ми ги правеше, и секогаш различно се подготвувавме за мечеви“, објаснува Гатузо.
Зимскиот преоден рок за Милан заврши со прекин на договорот на Габриел Палета и продолжување на преговорите на Густаво Гомез со Бока јуниорс. Сепак, тимот може да биде охрабрен со три победи во низа во Серија А, покрај 0:0 со Лацио во полуфиналето на Копа Италија.
„Не сакав да купувам нови момци, бидејќи верувам во овој тим. Клубот ме праша дали ми е потребно нешто, но јас мислам дека вака сме ОК. Не читам што сè се пишува за мене, и има уште многу да се игра. Да не заборавиме што зборуваа за нас пред шест недели. Сега не станавме Бред Пит и мораме да останеме грди како мене и мојата брада, со темни кругови под очите. Слушнав дека зборуваат за Лигата на шампиони, но ние не сме ниту на местата кои водат во Лигата на Европа“, вели Гатузо.