ЦАС денес му ја понити казната на Манчестер сити, а според медиумите во Англија клубот веќе го договорил првото засилување за новата сезона.
На „Итихад“, како замена за Давид Силва ќе пристигне неговиот сонародник Феран Торес.
„Ние знаеме дека Феран Торес има договор со еден клуб. Се споменуваат Манчестер сити, Ливерпул и Јувентус. Ние сме уверени дека тоа е Сити“, објави „Скај Спорт“.
Феран Торес има 20 години, а неговиот договор со Валенсија истекува наредното лето. Тој неодамна одбил да ја продолжи соработката со кубот од „Местаља“.
Ваквата негова одлука ќе ги натера клупските челници да го продадат ова лето за да може Валенсија да заработи сериозна сума од неговиот трансфер.