Фудбалскиот клуб Челси покажува интерес за еден од најдобрите голамни во светот, Јан Облак. Тренерот Френк Лампард сметал дека Словенецот би бил идеално засилување за неговиот тим.
Лампард долго време не е задоволен од формата на првиот голман Кепа Аризабалага, поради тоа неговиот план бил да го понуди Кепа и 30 милиони евра за да го добие Облак.
Јан Облак пред неколку месеци го продолжи договорот со Атлетико Мадрид до 30 јуни 2023 година. Тој годишно заработува 10 милиони евра.
Откупната клаузула во неговиот договор изнесува 120 милиони евра.
Проблемот на Челси е што она што тие го нудат е помалку од откупната клаузула. За Кепа пред две сезони платија 71 милиони евра, а со оглед на формата во која се наоѓа неговата цена значително падна.