Наместо фудбалска легенда, бразилскиот голгетер Адријано (38) кој стекна светска слава по игрите во милански Интер сега е во непрепознатливо издание.
По смртта на татко му, се му тргна надолу – се соочуваше со намалена мотивација, се оддаде на алкохолот, а имаше и обвинение за трговија со дрога.
Популарниот „Император“ се повлече од фудбалот многу рано и се врати во Рио де Жанеиро. Пред неколку дена се појави видео на кое се гледа како пијаниот Адријано не може да стои на нозе, па пријателот го придржува да не падне на земја.
Veja o vídeo: Adriano Imperador deixa baile funk no Complexo da Penha amparado por um amigo pic.twitter.com/PlRyUdSyvf
— Fábia Oliveira (@OliveiraFabia_) July 12, 2020