Милански Интер го казни својот фудбалер Марсело Брозовиќ со 100.000 евра затоа што пијан, со 0.6 промили алкохол во крвта поминал на црвено. Освен казната од „нероазурите“, Хрватот остана привремено и без возачка дозвола а на некое време му е одземен и џипот вреден над 300.000 евра.
Брозовиќ се покаја и се огласи на Инстаграм со кратка порака:
„Ветувам, само вода“.
Тоа беше повод неговите колеги од репрезентацијата Дејан Ловрен и Иван Перишиќ да му испратат зајадливи коментари:
„Имаш нов прекар. Газирана вода“ напиша Перишиќ, а Ловрен додаде:
„Значи, полека такси“.