Српскиот кошаркарски центар, Никола Јокиќ пред неколку дена слета на амртиканско тло, беше фотографиран на аеродромот во Чикаго, а сега е конечно и со соиграчите.
Денвер Нагетс преку официјално соопштение на социјалните мрежи информираа дека Јокиќ пристигна.
Потоа Србинот раскажа за симптомите на коронавирусот кои ги имал.
„Беше чудно, затоа што се чувствував добро. Се чувствував нормално и кога ми рекоа дека сум позитивен, без изненаден затоа што имав нормална дневна рутина, тренинг и се останато, а тогаш ме викнаа и ми кажаа дека сум позитивен“ – вели Јокиќ.
Look who's here…#MileHighBasketball pic.twitter.com/u4FNdOY3fm
— Denver Nuggets (@nuggets) July 14, 2020
„Во врска со тоа дека сум ослабнал многу, на слична тежина сум скоро цела година, можеби сум ослабен килограм или два после тој 11 март“ – изјави српскиот кошаркар.