Меѓународниот одбор на фудбалските сојузи (ИФАБ), орган задолжен за одредување на фудбалските правила, во средата објави дека на клубовите ќе им биде дозволено на клубовите да го користат правилото за пет измени и во сезоната 2020/2021.
ИФАБ соопшти дека оваа одлука ја носи со цел да биде заштитено здравјето на фудбалерите.
„Управниот одбор на ИФАБ ја продолжи можноста за пет измени се до 31 јули 2021 година“, објави Управниот одбор.
Сепак по оваа одлика на ИФАБ поединечно ќе си одлучува секој национален сојуз.