Андрле Ширле и Борусија Дортмунд спогодбено ја раскинаа соработката, што значи дека светскиот првак со германија во 2014 година е слободен играч.
Ширле во Борусија пристигна од Волфсбург за 30 милиони евра во 2016 година. Во Дортмунд не успеа да се снајде поради што играше како позајмен играч во Фулам и во Спартак Москва.
Беневенто, новиот член на Серија А чии тренер е Филипо Инзаги, ќе се обиде да го донесе Германецот. Проблем за трансферот да биде реализиран може да биде неговата плата, тој во Дортмунд заработуваше седум милиони евра годишно.