Top Sport

Расел и Латифи ги продолжија договорите

Најлошиот тим во Формула 1, Вилијамс, ја официјализирал соработката за наредната сезона со актуелните возачи Џорџ Расел и Николас Латифи.

Двајцата возачи во првите две трки оваа сезона имаа добри настапи. Латифи Големата награда на Австрија ја заврши на 11 место, додека на втората трка беше 17.

Расел воодушеви во квалификациите за втората трка, Големата награда на Штаерска. По силниот дожд Расел квалификациите ги заврши на 11 место, додека трката ја финишираше како 16.

Инаку, Џорџ Расел медиумите го поврзуваат со Мерцедес, но потврдата дека Валтери Ботас го продолжил договорот и за 2021 година ги ограничи неговите можности за наредната сезона, поради што се решил да остане во Вилијамс.

 

Scroll to Top