Top Sport

Покетино е на крстопат, Јуве или Интер

Аргентинскиот фудбалски стручњак, Маурисио Покетино би можел уште во летово да го преземе кормилото на еден од два фудбалски гиганти од Италија.

Како што пренесува англиски „Телеграф“, екс-менаџерот на Тотенхем може да одбира – Јувентус или Интер.

Иако двата тима минатото лето ангажираа нови тренери, Конте во Милано, Сари во Торино, сепак тие можат да ги напуштат клубовите по само една година.

Информациите се дека Конте е во несогласување со Управата на „нероазурите“, пред се со Бепе Марота, додека Сари се чини дека е далеку од освојување на ЛШ што беше прв приоритет при неговиот ангажман.

Покетино претходно се поврзауваше со преземање на Њукасл, но се чин таа приказна пропадна.

Штом заврши оваа сезона, која беше прекината поради пандемијата на коонавирусот, многу веројатно е двата фудбалски гиганти да започнат преговори со Аргентинецот кој без работа е од минатиот ноември.

Scroll to Top