Top Sport

Интер преку „фенерџијата“ се врати зад Јуве (видео)

Милански Интер убедливо со 4-0 славеше против последнопласираната екипа во Серија А, СПАЛ.

Резултатот го отвори Кандрева по асистенција на Алексис Санчез, во 37 минута.

Во вториот дел најпрво Бираги во 55 минута донесе 0-2, а само 5 минути подоцна и Санчез се запиша во листата на стрелците.

Конечните 4-0 за „Нероазурите“ се дело на Гаљардини во 74 минута.

На 5 кола до крајот на Серија А, Интер е на -6 од лидерот Јувентус, со еден бод повеќе од третопласираната Аталанта.

Scroll to Top