Top Sport

Клоп го сака Алкантара на „Енфилд“, ама Ливерпул „ги стиска“ парите

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп го одобри трансферот на Тијаго Алкантара од Баерн Минхен, а и Бразилецот се согласил со условите да се префрли на „Енфилд“.

Сепак, претстои тешка работа затоа што „црвените“ не сакаат да платат повеќе од 20 милиони евра за играчот кој има 29 години и уште една година од договорот со Баварците.

Се чини, тоа е далеку од проценките на Баерн. За него бараат околу 35 милиони евра и го чекаат Јунајтед и неколку италијански клубови кои се меѓу заинтересираните.

Алкантара сака промена.

Навивачите на шампионот во Премиерлигата се разочарани затоа што пари за засилувања нема, па малку е веројатно дека некое звучно фудбалско име ќе стигне на „Енфилд“.

Алкантара е најдобрата шанса да добијат квалитетен играч од средината на теренот.

Scroll to Top