Навивачите во Англија би можеле да се вратат на трибините од октомври годинава, изјави денеска британскиот премиер, Борис Џонсон.
„Планираме да ја вратиме публиката на стадионите од октомври, со безбедносни протоколи пропишани поради пандемијата на коронавирусот. Ќе се обидеме со пилот проекти да разбереме што ќе треба да правиме наесен, кога публиката ќе е на стадион. Се зависи од успехот на тие пробни собирања“ – рече Џонсон, пренесе „ББЦ“.
Тоа практично значи дека навивачите на мечевите од Премиерлигата ќе се вратат на стадионите на почетокот на сезоната која е планирана за септември.
Фудбалот и крикетот повторно се активни на Островот затоа што се на отворено, додека засега другите спортови се во мирување.