Реал Мадрид вчера со 2-1 славеше против Вилјареал и така стигна до 34-тата титула првак на Шпанија.
Лука Модриќ ги раскажа импресиите пред камерата на клупската телевизија.
„Два месеци тренирав без прекин во текот на карантинот и моите добри претстави во продолжение се плод на таа работа. Многу сум задоволен од своите настапи. Целата сезона беше спектакуларна. Моравме да ротираме, имаме многу играчи. Иако постојано сакам да играм, тренерот мораше да ротира. Сезоната беше долга, со многу мечеви. Направивме спектакуларна работа. Екипата покажа дека е гладна и не се опушти“ – рече Модриќ.
За хрватскиот интернационалец ова е 17-ти трофеј, колку што има и легендарниот Алфредо Ди Стефано.
Четирипати беше шампион на Европа, има и две титули во Ла Лига. Со Реал четирипати славеше на клупските Светски првенства, освои 3 европски Суперкупа и еден шпански Куп.