Top Sport

Ремонт во Јуве, шест играчи си одат од Торино

Јувентус е се поблиску до одбрана на титулата во Серија А, но сепак според многумина, оваа сезона е за заборав во редовите на „Старата дама“.

Маурицио Сари беше поставен на кормилото за да внесе исчекор во играта и атрактивен стил, но речиси ништо од тоа не е евидентно на теренот.

Очигледно е дека се потребни промени, а „Тутоспорт“ денеска пишува дека тренерот во договор со челниците на торинскиот клуб договорил продажба на дел од играчите.

На списокот на „отпишаните“ наводно се наоѓаат Гонзало Игуаин, Сами Кедира, Блес Матуиди, Даниеле Ругани, Матео де Шиљо и Федерико Бернардески.

Освен нив, Јуве ќе бара нов клуб и за Лука Пелегрини и Кристиан Ромеро.

Претходно, Јуве и Барса договорија размена, Артур се сели во Торино, а Пјаниќ оди во спротивен правец.

Scroll to Top