Возачот на Ферари, Себастијан Фетел беше најбрз на вториот денешен тренинг на „Хунгароринг“ пред задутрешната трка за Големата награда на Унгарија. Тренингот се одржа по силен дожд.
На првиот денешен тренинг доминираа возачите на Мерцедес, Хамилтон и Ботас, а Герменцот со најбрз круг на вториот тренинг стигна до време од 1:40.464.
За него беше Ботас со 0.272 заостанување, додека трет беше Карлос Сајнц од Мекларен со +1.320.
Четвртата и петтата позиција им припадна на Ленс Строл и Серхио Перез од Рејсинг Поинт, додека шести беше Пјер Гасли.
До десеттата позиција место имаше уште за Ферстапен, Грожан, Раиконен и Леклер.
Актуелниот шампион Луис Хамилтон воопшто не се појави на патеката.
? Sebastian Vettel ?
The @ScuderiaFerrari driver was fastest in FP2's treacherous conditions ?#HungarianGP ?? #F1 pic.twitter.com/okNug5M3uz
— Formula 1 (@F1) July 17, 2020