Top Sport

Монако го отпуштија тренерот Морено

Челниците на фудбалскиот клуб Монако му врачија отказ на тренерот Роберто Морено. Човекот кој избори пласман на Европското првенство со Шпанија Монако го предводеше на 12 натпревари.

Младиот шпански тренер вети дека Монако ќе игра атрактивен фудбал со голем посед на топка, ветувањата не ги исполни поради што челниците решиле да му се заблагодарат на соработката.

Според „Лекип“ одлуката тренерот да добије отказ ја иницирал новиот спортски директор Пол Мичел.

На местото на Морено во „малото кнежевство“ треба да пристигне поранешниот тренер на Ајнтрахт Франкфурт и Баерн Минхен, Нико Ковач.

Поранешниот селектор на Хрватска некаде во декември минатата година остана без работа, кога доби отказ во Баерн.

Scroll to Top