Љупчо Дориев, повремениот репрезентативец на Македонија, кариерата ќе ја продолжи во екипата на Шкендија. Сега веќе поранешниот играч на Академија Пандев во првата своја изјава како нов играч на Шкендија рекол дека трансферот е „чекор напред во кариерата“.
„Шкендија е број 1 клуб во Македонија. Очекувам да освојам многу трофеи. Верувамд ека бргу ќе се вклопам во новиот тим“, рекол 24 годишнот фудбалер.
Дориев со Шкендија потпишал три годишен договор.