Тројца фудбалери на ГФК Охрид се позитивни на вирусот ковид -19, – информираат од клубот.
„Ни стигнаа три позитивни резултати од тестовите на нашите фудбалери кои ги направивме во четвртокот. Ние како клуб ги презедовме сите мерки и ги почитувавме протоколите, но невидливиот непријател навлезе и во нашите редови“, стои во соопштението од клубот.
Од ГФК Охрид истакнаа дека ќе ги следат сите насоки од надлежните институции и ќе постапуваат согласно нивните инструкции.
извор/ohridnews.com