Top Sport

Тежок удар за Фенер, Јан Весели е мета на Барселона!

Сосема јасно е дека турскиот кошаркарски гигант со променет состав и со нов кормилар (Игор Кокошков) сезонава ќе изгледа сосема поинаку на паркетот во однос на минатата сезона.

Повеќето кошаркари кои беа под палката на Жељко Обрадовиќ се разотидоа. По заминувањето на Луиџи Датоме, Никола Калиниќ, Жофри Лаверџ, Дерик Вилијамс и Егехан Арна, клубот од Истанбул би можело да го напушти и чешкиот центар Јан Весели.

Љубимецот на навивачите, некој кој освојува со својата енергија е мета на Барелона која по заминувањето на Анте Томиќ во Хувентуд има празнина на позиција – центар.

Единствен проблем за Каталонците засега е што Весели има договор со турскиот гигант до 2022 година и има голема плата, а Барса истакна дека поради коронавирусот сезонава ќе имаат значително намален буџет.

Scroll to Top