Top Sport

„Во Ф1 секој секого копира“

Техничкиот директор на Формула 1 Рос Брон тврди дека не постои екипа која не коприрала нешто од конкурентите. Со оваа изјава Брон застанал во одбрана Рејсинг Поинт кој повторно е обвинет од конкурентите дека го копирале болидот на Мерцедес.

Рос Брон во минатото бил технички директор на Бенетон и Ферари, а беше прв човек на Брон ГП. Со овој тим Џенсон Батон во 2010 година ја освои шампионската титула.

Брон својот тим подоцна му го продаде на Мерцедес.

„Мислам дека копирањето во Формула 1 е нормална работа. Секој тим, во нормални околности, има фотографи во боксот. Прават илјадници фотографии од секој автомобил за анализа и со намера да ги копира најдобрите идеи. Ние на нашите фотографи им дававме листа на она што ни треба. Рејсинг Поинт ова само го кренаа на повисоко ниво. Не постои тим кој не копирал нешто од другите…И јас сум ги копирал другите. Рејсинг Поинт не можат да заборават она што го дознаа во 2019 година за системот на каналите во сопирачките на Мерцедес. Не е логично да очекувате дека тие таквите податоци едноставно ќе ги избришат“, рекол Брон.

Scroll to Top