Top Sport

Уште еден клуб го менува името поради расистичка конотација

Канадската екипа во американски фудбал, Едмонтон Ескимос објави денеска дека ќе го промени името поради притисокот од јавноста и од спонзорот, исто како што неодамна НФЛ тимот Вашингтон Редскинс го стори истото.

Управниот одбор на Едмонтон донесе одлука веќе да не го користи зборот „Ескимос“, стои на веб страницата на клубот.


Слично како и кај Редскинси, и канадските староседелци Инуитите критикуваа поради за нив навредливто име „Ескими“, а се противи и еден од главните спонзори.

Екипата од провинцијата Алберта во западна Канада кој досега 15 пати го освојувала првенството во иднина ќе се вика само Едмонтон.

Минатата недела НФЛ тимот Вашингтон го напушти она „Редскинс“ поради расистичка конотација кон Индијанците.

Scroll to Top